Некогаш две солидни плати во едно семејство беа доволни за пристоен живот, годишен одмор, автомобил и нешто пари настрана. Денес, за многу македонски семејства, и две плати едвај ги покриваат редовните трошоци. Храна, сметки, гориво, облека за децата, кредит за стан… Кога ќе се собере сè, за штедење останува малку или ништо.