Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претприемачот Илон Маск не се одговорни за проблемите со пристапот на украинската армија до сателитските комуникациски системи на компанијата „Space X“. Трамп им изјави на новинарите дека САД не вовеле ограничувања за пристап до системот „StarShield“, воена верзија на сателитски комуникации наменета за потребите на американската влада и војската. Илон Маск, … Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претприемачот Илон Маск не се одговорни за проблемите со пристапот на украинската армија до сателитските комуникациски системи на компанијата „Space X“. Трамп им изјави на новинарите дека САД не вовеле ограничувања за пристап до системот „StarShield“, воена верзија на сателитски комуникации наменета за потребите на американската влада и војската. Илон Маск, сопственик на компанијата „SpaceX“, која управува со мрежата „Starlink“, изјави дека „Starshield“ е под контрола на американската администрација и војската, додека „Starlink“ е комерцијален производ кој, според него, не може да се користи за офанзивни воени дејствија.