Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерски панел на високо… Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерски панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин, којшто е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA). Клековски, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претставил состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму, со фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата „EU4Health“. Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите.