Цените на акциите паднаа на европските берзи во вторникoт претпладнето, губејќи дел од вчерашните добивки, бидејќи инвеститорите беа обесхрабрени од деловните резултати на неколку банки и компании. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,35 отсто во 9,30 часот, откако вчера порасна за 0,8 отсто. Од утрово лондонскиот индекс FTSE ослабе за 1,01 отсто, на 10.658 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,20 отсто, на 25.360 поени, а парискиот CAC за 0,39 отсто, на 7.816 поени.