Германскиот производител на автомобили BMW во вторникот објави дека испорачал помалку возила на клиентите во деветте месеци до крајот на септември, истакнувајќи го „континуираните предизвикувачки“ деловни активнсти во Кина. Групацијата испорача 1,71 милион возила на клиентите во периодот од јануари до септември, што е за 4,9 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. Испораките на брендовите BMW и Mini на европскиот пазар се зголемија за 4,5 отсто, на 732.279 возила.