Стопанска банка АД Скопје во периодот 01.01-30.09.2026 работеше согласно усвоениот план за 2026 година и продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. Добивката пред оданочување во анализираниот период изнесува 2.746.292 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е пониска за 18 %, првенствено како резултат на намалените каматни стапки, регулаторните и пазарните услови, како и одредени еднократни ефекти кои се случиле во текот на 2025 година, а не се присутни во 2026. Нето-приходите од камати изнесуваат 3.853.567 илјади денари и се намалени за 7 % во однос на истиот период од минатата година, како резултат на трендот на намалување на каматните стапки поради промените во референтните каматни стапки и соодветното прилагодување согласно конкурентните движења.