Инвеститорите ширум светот предупредуваат на потенцијален финансиски меур во индустријата за вештачка интелигенција (ВИ), а во Кина, она од што најмногу стравуваат можеби веќе се случило. Акциите на кинеските технолошки компании поврзани со вештачката интелигенција и производството на чипови доживеаја остар пад, при што за помалку од четири месеци беше избришана пазарна вредност од приближно 480 милијарди долари. Ројтерс предупредува дека падот на берзата во Кина би можел да биде знак за проблеми што го очекуваат остатокот од светот.