Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да… Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да направиме посебни зони, кои ќе бидат во делот на нашите капацитети, каде што имаме корисничко право, и на тој начин да им овозможиме на компаниите да учествуваат и да обезбедиме средства за оние што сакаат да работат во рачни делови на воената индустрија – истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисјаловски на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. Одговарајќи на прашањето на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ што конкретно е направено за домашните компании да ги искористат можностите од НАТО, тој појасни дека со новото законско решение, кое треба да биде ставено пред пратениците, предвидено е домашни компании да се субвенционираат за дополнително да се развиваат во одбранбената индустрија. На млади компании што веќе излегле на пазарот, а не може да продаваат во странство, ние, вели Мисајловски, ќе направиме еден вид истражување (research and development) како да им дадеме дополнителни средства да се развиваат и да продаваат тука производи, пред сè, да ги користи Армијата, а потоа да добиваат потврда за користење, со што ќе може да излезат на кој било пазар, па и во НАТО, да го продаваат во земјите членки на НАТО.