Според Народната банка, кредитите во септември бележат месечен раст од 1,3 отсто, при што зголемување е регистрирано и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, кредитирањето на претпријатијата пораснало за 15,7 отсто, а на населението за 12,7 отсто. Кај депозитите, месечниот раст изнесува 0,4 отсто, а годишниот 9,2 отсто.