За првпат во својата историја, доделувањето на наградите „Еми“ се сели од традиционалната телевизија на стрим-платформа, откако „Амазон прајм видео“ (Amazon Prime Video) ги обезбеди правата за емитување почнувајќи од 2027 година, соопшти американската Академија за телевизиски уметности и наука (Academy of Television Arts & Sciences). Доделувањето на наградите в година ќе биде достапно за За првпат во својата историја, доделувањето на наградите „Еми“ се сели од традиционалната телевизија на стрим-платформа, откако „Амазон прајм видео“ ( Amazon Prime Video ) ги обезбеди правата за емитување почнувајќи од 2027 година, соопшти американската Академија за телевизиски уметности и наука ( Academy of Television Arts & Sciences ). Доделувањето на наградите в година ќе биде достапно за бесплатно гледање на стрим-пренос, без претплата, ширум целиот свет и ќе продолжи да се одржува во септември. Договорот меѓу „Амазон“ и Академијата е склучен на период од шест години. Ова партнерство ќе овозможи „најважните ТВ-признанија да продолжат да се приспособуваат на променливиот медиумски пејзаж, прифаќајќи ја иднината на начинот на којшто публиката консумира квалитетна ТВ-содржина“, наведе Академијата.