Не помина ни октомври, а веќе почнуваат да пристигнуваат првите Божиќни кампањи – очигледно, празничната сезона и годинава нема намера да чека декември… Луксузниот моден бренд Prada го означува почетокот на оваа рана празнична трка со „Drawing Prada“ , филм што ги спојува модата, рачно цртаната анимација и бајковитата атмосфера. Во него настапуваат Сејди Синк, Маја Хок, Чен Хаоју, Лутер Форд и Келвин Харисон Џуниор, во режија и со кинематографија на Глен Лачфорд. Илустрациите ги предводи Џон Померој , аниматор познат по работата на класици како „Земјата пред времето“, „Сите кучиња одат во рајот“, „Палечка“ и „Покахонтас“.