„Вашите средства се безбедни“ е главната порака во известувањето за безбедносниот инцидент на Binance , доставено до редакцијата. Во него се наведува дека компанијата ќе ги покрие загубите директно поврзани со случајот од сопствени средства, вклучително и преку фондот SAFU . Според текстот на мејлот, се резервирани над 6,34 милијарди долари , од кои пет милијарди во истите токени што биле погодени. Во пораката се наведува и дека повлекувањата се привремено запрени поради безбедносна надградба, додека депозитите и вообичаените активности продолжуваат.