Јужна Кореја прими извинување од Украина поради откривањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници… Јужна Кореја прими извинување од Украина поради откривањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на таа земја, Чо Хјун. „Пораките што ги добив содржеа извинување. Но, постои разлика во однос на нивото што го очекуваме, така што имаме намера да преземеме цврсти мерки“, рече Чо за време на парламентарната ревизија на работата на министерството, пренесе „Јонхап“.