Производството на електрична енергија од гасни централи годинава е намалено во шест значајни енергетски пазари, и тоа, Велика Британија, Холандија, Турција, Јапонија, Јужна Кореја и Кина. И покрај намаленото производство од гас, вкупното производство на електрична енергија во овие земји пораснало, што укажува дека обновливите извори, нуклеарната енергија, хидроцентралите и јагленот преземаат дел од улогата на гасот, анализира Ројтерс. Трендот отвора прашања за идната побарувачка на природен гас, особено во услови кога големите извозници на течен природен гас (ЛНГ) инвестираат милијарди долари во нови капацитети, очекувајќи дека растот на потрошувачката на електрична енергија ќе доведе и до долгорочно зголемување на употребата на гас.