Народна банка на Република Северна Македонија
Венко Филипче
Трајко Славески
Алба Банка АД Битола

Опозициската СДСМ тврди дека преку „свиркачи“ добиле информации дека институции, нивни вработени и компании биле принудувани да работат преку Алта банка. Го повикаа премиерот Мицкоски да одговори на овие наводи. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ одговори со контраобвинувања.
Сакаме да направиме сублимат на она што се случуваше изминатите пет дена, поврзани со случувањата кај нашиот северен сосед, и денеска сакаме да зборуваме и да ги поставиме прашањата на коишто нашиот премиер Мицкоски упорно и упорно одбегнува да даде одговори. Сведочиме за громогласен молк од страна на премиерот, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ. Сведочиме, вели тој, за молчење, за сето она што се случува по падот на неговиот ментор Вучиќ.
Повикувајќи се на информации од свиркачи СДСМ обвинува дека во изминатиот период им се сугерирало на институциите во Македонија да работат преку Алта Банка, за што бараат одговори од премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески. Тврдат дека од централата во Белград до Скопје од српските избори до денес биле префрлени над 50 милиони евра, трансфери кои велат дека се дел од криминална мрежа со амин од власта, како попатна станица до Москва. „Можевме и вчера да го видиме на една дебата, односно не е дебата, туку гостување на телевизија, гледам еден уплашен политичар којшто зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат.
Венко го прати талогот Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност. И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеа милионски тендери, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ. Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната.
АЛТА банка АД Битола од денеска работи под привремена администрација на Народната банка, експозитурите не работат со клиенти, а физичките лица можат да користат до 10.000 денари неделно од своите сметки преку платежните картички. Мерките следуваат откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, мнозинскиот сопственик на битолската банка. Најважната разлика за клиентите во Македонија е дека АЛТА банка Битола не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа.
Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Во соопштението од Народната банка се наведува дека извршниот одбор констатирал оти на одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката….
Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.
Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка од Белград, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за средствата на штедачите. Одлуката била донесена по спроведени контролни активности, кои покажале сериозни проблеми со ликвидноста на банката и опасност од нејзино дополнително влошување. Од српската централна банка соопштија дека мерката е преземена согласно Законот за банки, со цел заштита на клиентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем.
„Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.
Во КОД вечерва дали тајните досиеја од УДБА ќе бидат предадени на бившите ЈУ републики по смената на власта во Србија . Интервју со српскиот истражувачки новинар Вук Цвијиќ кој го објаснува настанувањето на Алта Банка во времето на Владата на Вучиќ и сомнежите за одлевање пари и кон Македонија.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, потсети дека СДСМ речиси една година предупредуваше за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија, банка за која постоеја информации дека е блиска до Вучиќ и дека зад нејзиниот капитал стојат сомнителни пари од криминални и коруптивни зделки, трговија со дрога и пари опљачкани од граѓаните. Филипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства. „Скоро година дена наназад укажуваме за проблемот којшто беше тогаш, сега веќе настана со Алта банка.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на одлуката на Народната банка да воведе администрација во „Алта банка“ АД Битола. Во објава на платформата X, тој тврдеше дека парите поврзани со криминални тендери и со трансфери од Србија ќе продолжат да се перат, додека средствата на граѓаните што имаат сметки во банката ќе останат „заробени“. На неговата објава одговори гувернерот Трајко Славески.
Советот на Централната банка на Црна Гора денеска донесе одлука за одземање на одобрението за давање платежни услуги на „Алта пеј груп“ – Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност. Од Централната банка на Црна Гора посебно нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Оттаму уверуваат дека одлуката нема да ја загрози финансиската стабилност на земјата, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Алта пеј груп во Црна Гора, како што соопшти Централната банка, не прима депозити од граѓани или деловни субјекти и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Слушајте радио во живо. За разлика од Црна Гора, во Македонија Алта ја презеде Стопанска банка од Битола каде и мнозински акционер со над 97 отсто.
Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност. Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење. Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании.
Извршниот директор на Белградската берза, Лазо Остојиќ, донесе одлука за привремено суспендирање на правото на пристап до трговскиот систем на Алта банка АД Белград. Оваа мерка следи по регулаторните одлуки што беа донесени од страна на српските монетарни власти. Привремената суспензија стапува на сила од 2 ноември и ќе трае најмногу пет берзански дена, односно најдоцна до 6 ноември годинава, соопштија претставниците на Берзата.
Генералниот секретар на СДСМ, Александра Саша Димитријевиќ, од Битола, порача дека поради состојбата со Алта банка и неможноста граѓаните да подигнат пари од своите сметки, ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, со цел да се заштитат пензионерите и да им се овозможи сигурен пристап на граѓаните до нивните средства. Тој посочи дека по скандалот со Алта банка, граѓаните се соочуваат со неизвесност за своите пари и заштеди, а особено загрижувачка е состојбата на пензионерите кои не можат да ги подигнат своите пензии. „Бараме ПИОМ да не се исплаќа пензија на сметките на пензионерите на Алта банка, да се заштитат“, порача Димитријевиќ.
Претседателот на СДСМ, Венко Флипче, на денешната прес-конференција, го повика гувернерот Славески да одговори како 11.000 пензионери ќе ги добијат своите пензии кога експозитурите на Алта банка се затворени, а картичките и банкоматите не функционираат. Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски и гувернерот Славески ги оставија граѓаните во неизвесност, без одговори и без пристап до нивните средства, со што ја загрозија егзистенцијата на илјадници граѓани кои своите плати, пензии и животни заштеди ги имаат во Алта банка. „После вчерашниот прес на гувернерот се отвораат многу прашања.
Лидерот на партијата Венко Филипче на прес конференција најави и интерпелација за гувернерот Славески и побара одговори дали биле испочитувани сите процедури за влез на банката, дали било проверено потеклото на парите, зошто не ги зеле предвид проблемите на банката во другите држави.. Филипче прашува и дали во мегувреме додека илјадници граѓани се оставени без можност да си ги подигнат парите од сметките, фирмите кои имаат пари во Алта си префрлаат пари на други сметки.. Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески, очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу сто педесет и сто осумдесет милиони евра од граѓаните.
Интерпелација за гувернерот Трајко Славески најави претседателот на СДСМ Венко Филипче откако вчера Народната банка објави времени ограничувања во работењето на Алта Банка, но и ограничување на максималниот износ на пари кои граѓаните ќе можат да ги повлечат на неделно ниво. Постојат многу прашања на кои Славески ќе мора да одговори, рече Филипче. Пратеничката група на СДСМ побара и Надзорна комисија за работењето на Алта Банка.