Бизнисменот Трифун Костовски во објава на Фејсбук се осврна на актуелните случувања околу Алта банка, правејќи споредна со случувањат во Еуростандард банка во кој имаше мнозиснки дел од сопстеноста, а на која и Народна бнака и ја одзеде доволата за работа во 2020 година. „Зошто за Алта банка денес има време, заштита и шанса за нов сопственик, а за Еуростандард банка во 2020 година имаше само одземање на дозволата и стечај? Шест години постојано прашувам зошто и се одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка и зошто НБРМ не се обиде со други механизми да ја стабилизира банката во моменти кога сопствениците вложуваа сериозни средства за докапитализација на банката“, истакнува Костовски и додава: „Актуелниот пример со Алта банка од Битола, на која во матичната земја Србија и беше одземена лиценцата, исто како и во Црна Гора, а само НБРМ во Македонија воведе администрација за банката да продолжи да работи и да се зачува нејзиниот имот, недвосмислено покажува дека НБРМ има и други алатки и механизми пред стечајот.