Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ соопшти дека забележал пад на продажбата од 16 проценти во… Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ соопшти дека забележал пад на продажбата од 16 проценти во првите девет месеци од оваа година, поради тешките услови на клучните пазари во Кина и Северна Америка. Компанијата продаде 178.532 возила ширум светот во овој период. „Во континуирано предизвикувачко пазарно опкружување, компанијата продолжува доследно да ја реализира својата продажна стратегија ориентирана кон вредноста и да одржува избалансиран однос меѓу понудата и побарувачката“, се додава во соопштението.