На VI Изборно Собрание на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Сами… На VI Изборно Собрание на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Сами Морина беше избран за нов претседател на СКСЗМ, пишува во денешното соопштение. Со одржувањето на VI Изборно Собрание, СКСЗМ по шести пат по ред, преку демократски и транспарентен изборен процес, го избра своето раководство, со што ја потврди институционалната континуираност и почитувањето на принципите врз кои функционира Комората. Изборот на новиот претседател претставува значаен момент во континуитетот на работата и ангажманот на СКСЗМ во застапувањето на интересите на деловната заедница, поттикнувањето на економскиот развој и зајакнувањето на соработката со институциите, домашните и меѓународните партнери, како и со деловната заедница.