Александар Вучиќ предупреди дека светот се приближува кон голем воен судир, посочувајќи го забрзаното вооружување на… Александар Вучиќ предупреди дека светот се приближува кон голем воен судир, посочувајќи го забрзаното вооружување на европските држави и зголемувањето на воените буџети. Во интервју за каналот на руската новинарка Ксенија Собчак, тој изрази загриженост дека меѓународните тензии се движат во опасна насока. „Сега сме во таква фаза од која нема враќање“, изјави Вучиќ, одговарајќи на прашањата за можноста за избувнување на Трета светска војна, пренесува српскиот портал „Мондо“.