Цените на храната во Европа повторно почнуваат да растат, особено на свежите намирници, додека зголемените трошоци за енергија и транспорт дополнително ги оптоваруваат потрошувачите. Според податоците за септември, цените на храната и безалхохолните пијалаци во Европската Унија пораснале за 0,6 отсто на годишно ниво, но меѓу државите постојат значителни разлики, покажува анализата на „Еуроњуз“ ( Euronews ) заснована на податоците од Евростат ( Eurostat ). Најголем раст е забележан на Кипар, каде што цените пораснале за четири отсто. Следуваат Шпанија со 2,7 отсто, Романија со 2,6 отсто, Малта со 2,5 отсто и Португалија со 2,4 отсто.