КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, преку кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, ја поврзуваат грижата за пензиската иднина со активниот живот и одговорното планирање. Познатата рекреативна пензионерска патека на Средно Водно доби нови едукативно-информативни табли, поставени во рамките на кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, која се реализира како дел од платформата „Засади желба“, веќе шеста година по ред. Преку оваа иницијатива, патеката на Водно добива дополнителна вредност како симболичен потсетник дека сигурната иднина се гради чекор по чекор, преку одлуките што ги носиме денес.