Поранешниот олимписки нордиски скијач, Дарко Дамјановски очекува новото раководство на Скијачката федерација да создаде професионален систем, да ја зголеми масовноста и да ги подобри условите за спортистите. Тој поставува амбициозна цел – Македонија да има нордиска штафета на Зимските олимписки игри во 2030 година. По 24 години, Скијачката федерација на Македонија доби ново раководство, предводено од Ивана Ивчевска . Промената отвора прашања за иднината на зимските спортови, условите за натпреварувачите и можноста за создавање нови генерации скијачи.