Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 7 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за 5,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51 отсто.
Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,5 денари и ќе изнесува 103,5 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 6,261 денари за килограм и ќе изнесува 49,312 денари.
„Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа кај бензините во просек за 12,340 отсто, кај дизелот за 6,785, кај екстра лесното масло за 7,834 и кај мазутот за 13,816 отсто.
Дизелот поевтинува за 5,5 денари и ќе се продава по 94,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,5 денари, на 103,5 денари за литар.
„Поевтинува и мазутот, за 6,26 денари по килограм, на 49,31 денар.
„Ново значително намалување на цените на горивата.