Народна банка (НБРМ) ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во Алта банка АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека денеска, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на банката во Битола и назад. Народна банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на Алта банка, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги, изјави вчера на прес-конференција гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Денеска Алта банка ќе работи, во две смени.