Индустриското производство во септември 2026 година бележи зголемување од 2,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот се должи пред сè на зголеменото производство во преработувачката индустрија, каде што е регистриран пораст од 4,2 проценти. Наспроти тоа, во секторот Рударство и вадење камен е забележано намалување на производството од 7,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 11,4 проценти.