Фондот за осигурување на депозити во моментов располага со 25 милијарди денари или над 400 милиони евра, одговорија на прашања на Телма од фондот. од таму појаснуваат и дека максималниот износ а обештетување на депозити на физички лица изнесува 30 илјади евра, по депонент по банка. Фондот не ги обесштетува следните депозити: 1. Депозити на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката, филијалата на странската банка или штедилницата; 2. Депозити на депоненти сопственици на над 5% од акциите со право на управување со банката, филијалата на странската банка или штедилницата; 3. Депозити на членови на органите на управување на банката, филијалата на странската банка или штедилницата; 4. Депозити на роднини од прв степен на депонентите од точките 2 и 3 на овој член; 5. Депозити кои се поврзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку прекршителот е осуден и казната е во сила. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата вкупниот износ на депозити на депонентот се намалува за износот на обврските на депонентот кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата.