Американскиот технолошки гигант Nvidia изгуби приближно 335 милијарди долари пазарна вредност на почетокот на денешното тргување на Волстрит. Акциите на водечкиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција паднаа за речиси 7,5 отсто, откако компанијата покрена истрага за афера во која е вмешан нејзиниот извршен директор, Џенсен Хуанг, и неговите наводни врски со жена која американските разузнавачки служби ја поврзуваат со кинеска шпионажа. Цената на акциите на Nvidia падна на 172,75 долари, од 186,64 долари колку што изнесуваше при затворањето на пазарот во петокот.