Становите поскапуваат, но со побавно темпо. Од јули до септември, цените на становите во Скопје се зголемиле за 10,3% споредено со истиот период лани, што сепак е помалку од годишниот раст од 13,4% во вториот и 16,6% во првиот квартал. Се додека има голема побарувачка за станови, цената ќе расте.