Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп.
Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.
„Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство.
Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две седмици, согласно утврдениот лимит.
„Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“.
Народната банка соопшти дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ и да презема активности за да им овозможи на клиентите полесен пристап до сопствените средства и непречено користење на платежните услуги.
„Текстот Од понеделник ќе работи експозитурата на Алта банка во Прилеп е превземен од А1он.