Акциите на њујоршки Волстрит силно пораснаа минатата седмица, но тргувањето беше неизвесно поради високата инфлација во САД и кризата во „Nvidia“, најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција, по оставката на нејзиниот директор Јенсен Хуанг. Нанајголемата светска берза индексот Dow Jones порасна за 2,1 отсто минатата седмица, на 52.347 поени, додека S&P 500 скокна за 2,5 отсто, на 7.561 поен, а Nasdaq за 2,3 отссто, на 25.136 поени. На самиот почеток од седмицата индексите силно пораснаа, благодарение на напорите на инвеститорите да ги надоместат загубите на S&P 500 и Nasdaq во претходните четири седмици.