Со искрен разговор за професионалното прегорување, притисокот и последиците што можат да ги остават врз личноста, Дуња Јованиќ ја отвора втората сезона на RESET. По одбележувањето на првиот роденден на RESET, на 10 октомври — Светскиот ден на менталното здравје, подкастот ја започнува својата втора сезона со специјална епизода во која гостува Дуња Јованиќ, регионална дигитална креаторка и основачка на модниот бренд BÉBÉ. Во разговорот, Дуња отворено зборува за сопственото искуство со професионалното прегорување (burnout) и за тоа како долготрајниот притисок може постепено да влијае врз односот кон работата, самодовербата и чувството за сопствените способности. Нејзината приказна потсетува дека прегорувањето не мора да се случи одеднаш, ниту секогаш веднаш да препознаеме дека ни е потребна пауза.