Американскиот конгломерат „Berkshire Hathaway“ во третиот квартал откупил сопствени акции во вредност од околу 9,6 милијарди долари, додека оперативната добивка му се намалила за шест проценти, на 12,7 милијарди долари, соопшти компанијата во саботата. Ова се третите квартални резултати откако Грег Абел на 1 јануари ја презеде функцијата извршен директор од Ворен Бафет. Според соопштението на компанијата, „Berkshire“ до крајот на септември годинава откупил сопствени акции во вкупна вредност од околу 14,4 милијарди долари.