Утрово полициски специјалци во Куманово спроведуваат поголема полициска акција против организирана криминална група од лица добро познати на кумановската криминална сцена, дознава МКД.мк. Групата, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од казниви дела. Дел од акцијата се и претреси во една нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со истражуваните криминални активности. Веќе се пронајдени пари, возила и разна документација.