Опасноста од пожари и натаму е висока, а во моментов во државата има шест активни пожари на отворен простор, од кои неколку се посложени за гаснење, најкомплексен во моментов е пожарот во реонот Рамно на територијата на Општина Чучер Сандево, каде гори ниска вегетација, папрат, трева и грмушки, а на одредени места огнот зафаќа и шумска подлога - истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Пожарот се движи по земјата и ја зафаќа лисната и тревната подлога, поради што се создаваат големи количини чад. Силниот ветер го насочува чадот кон Скопје и околните населени места на падините на Скопска Црна Гора -истакна Ангелов.