Вчера во 15:10 часот во село Теово, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес ги лишија од слобода Б.Н.(53) од село Лисиче, општина Чашка, С.К.(33) од село Горно Врановци, општина Чашка и 57-годишната Б.К. од Велес. При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно … Вчера во 15:10 часот во село Теово, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес ги лишија од слобода Б.Н.(53) од село Лисиче, општина Чашка, С.К.(33) од село Горно Врановци, општина Чашка и 57-годишната Б.К. од Велес. При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, од кои дел биле без жиг, а дел со жиг.