Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
При претрес во нивниот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 81 куршуми кои нелегално ги поседувале, по што биле уапсени, соопшти СВР Охрид.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Охрид и 72-годишно лице од Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.