Rегистрирани се 1.415 прекршоци во во Охрид, Струга, Дебар и Кичево, додека што се однесува до најчестите прекршоци, можам да кажам дека најчестите прекршоци се пребрзо возење и регистрирани се вкупно 1.211 прекршоци“, изјави Стефан Димовски – портпарол на СПБ-Охрид. Димовски вели дека „Безбедниот град“ помага во спречување на несреќи и намалување на бројот на смртоносни несреќи. „Секое непочитување на ограничувањето на брзината значи црна дамка и значи можност за предизвикување несреќа, затоа еден од главните приоритети на Безбеден град е намалување на несреќите, пред сè со последици од смрт и тешки повреди, со еден збор, намалување на бројот на несреќи“, додаде Димовски.