На Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска беше… На Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска беше промовиран прирачникот за наставници „Безбедна училишна средина: Справување со насилство со комуникациски протоколи“, а воедно се одржа и дебата на тема „Справување со насилството во училиштето“. Деканот на ФОН-Штип, Трајче Стојанов истакна дека овој прирачник е резултат на една подолгогодишна иницијатива и конкретен проект што се работеше во изминатите неколку месеци и заедно со колегите Даниела Коцева и Кирил Барбареев, констатирале дека при справувањето со насилството, наставниците, учителите во основните и средните училишта често имаат проблем да го искомуницираат тоа со жртвата, како со насилникот, но и со родителот на насилникот, така и со родителот на жртвата. Стојанов вели дека овие комуникациски протоколи треба да обезбедат некоја почетна рамка, за тоа како да се искомуницира случајот со сите засегнати страни.