Вчера во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишиле од слобода 40-годишниот Б.Б. од Гостивар. При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето … Вчера во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишиле од слобода 40-годишниот Б.Б. од Гостивар. При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана.