Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Жената со тешки повреди е пренесена во болница.
„На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Братство Единство“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.В. од с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишната В.А. од Куманово и го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата.
Од ударот, со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Општа болница Куманово.
„Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.