Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава е со најбогат филмски… Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава е со најбогат филмски репортоар вели, Душко Димитровски, новинар и филмски критичар, поранешен новинар на сараевско „Ослобоѓење“ („Oslobođenje“), денес почесен член на Филм Архив Австрија во Виена. Посебно се радува што годинава, вели, има два одлични македонски филма на отворање и затворање, но исто така и одлични документарни македонски филмови. Димитровски кој го следи фестивалот во Битола од самиот почеток, а последниве три децении континуирано и без прекин, вели дека ИФФК „Браќа Манаки“ има голема улога за светска афирмацијата на кинематограферите, и посебно на македонската кинематографија во светот.