Пред една година се собравме група филмски продуценти и филмски автори со цел да направиме нешто повеќе за градот Скопје и да направиме еден филмски фестивал како што доликува за секој главен град, како што има во сите големи градови- црвен килим, богара филмска програма, дебати, диксутирање, запознвање, дружење, бизнис…, рече Томи Салковски на денешната прес конференција и го најави рестартирањето на Скопски филмски фестивал. Скопски филмски фестивал ќе се одржи од 4-9 ноември. Свеченото отворање ќе се случи на 4 ноември во МНТ со црвен килим и проекција на филмот „Идиоти“ на Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, а следниот ден, исто така во МНТ ќе се случи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар, филмот „17“ на Косара Митиќ.