Македонската народна песна со патриотска и родољубива содржина повторно ќе добие нова можност да блесне на големата фестивалска сцена. Еден од најпрепознатливите фестивали посветени на новосоздадената македонска народна музика – „Гоце фест“ , официјално го отвори конкурсот за своето издание кое ќе се одржи во февруари 2027 година . И оваа година организаторите ги повикуваат композиторите, текстописците и сите музички автори да создадат песни кои ќе го негуваат препознатливиот македонски музички дух. Од композициите се очекува да ја задржат автентичната македонска мелоритмика, а инспирацијата да ја пронајдат во богатата историја, традицијата, современиот живот, љубовта кон татковината и вредностите што со децении ја красат македонската народна песна. отсекогаш бил место каде што се раѓаат песни со душа – композиции што не траат само една фестивалска вечер, туку остануваат да живеат меѓу народот.