Денеска, 10.10., се навршуваат три години од прераното заминување на Далибор Ѓошиќ, кој почина на 41 годишна возраст. Ѓошиќ беше истакнат пејач од прв ред – солист на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“. Во Националниот ансамбл „Танец“ се вработил во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварил 363 концертни настапи, дома и надвор, а само четврт век, со „Танец“ настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка.