Македонскиот културен центар во Истанбул на 23 септември ќе биде домаќин на концертната вечер „Патување низ звуците“, на која ќе настапат сопранот Дајана Малолари Пајазити, виолинистот Шкелзен Пајазити и пијанистката Едита Руси. Концертната програма е замислена како музичко патување низ различни епохи, стилови и музички традиции, со дела од Тодор Скаловски, Антонин Дворжак, Винченцо ди Кјара, Франц Лехар, Јохан Себастијан Бах, Родолфо Фалво и Дмитриј Шостакович. Концертот ќе започне во 19 часот, а на публиката ќе ѝ понуди камерна музичка програма во изведба на тројца музичари со богато концертно и педагошко искуство.