Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Станува збор за снимка од концертите одржани во февруари и јуни 2024 година во Кралската концертна сала.
„Престижната британска етикета „Лин Рекордс“ го издаде новиот албум на кој нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески е обединет со данскиот диригент Томас Сондергард и Кралскиот шкотски национален оркестар , во изведбата во живо на два концерта за пијано и оркестар од Камиј Сен-Санс . Станува збор за снимка од концертите одржани во февруари и јуни 2024 година во Кралската концертна сала во Глазгов . За насловната страница на ЦД изданието е искористено делото „Пејзаж“ на нашиот ликовен уметник Славчо Спировски . Голем број авторитетни светски медиуми со суперлативи го оценуваат ова издание на кое елитната екипа ги изведува Концертот број 2 и Концертот број 5 – „Египетски“ на познатиот француски композитор.