Со голема почит и рози Крушево по 19 пат ги пречека маратонците кои во чест на Тоше на 13 октомври тргнаа од Нова Градишка, во Хрватска, од местото каде во сообраќајна несреќа загина балканскиот ангел, а денес тие пристигнаа да се поклонат на неговото вечно почивалиште. Во годинешниот маратон учествуваа 14 мина. „Пораката е да шириме љубов, да бидеме хумани, да помагаме таму каде пто можеме, затоа што и нашата мисија како маратонци е не кој колку ќе истрча и само да се фали туку да се истрча кој колку може и доколку на некого му е тешко да му се помогне“, рече Наум Капрически, учесник на 19-от ултра маратон за Тоше.