Објавен е романот за деца „Министерство за решенија“ (Het Ministerie van Oplossingen) од холандската писателка Сане Роузебаум, со илустрации на Марк Јансен, а во превод на македонски јазик на Ели Пујовска, духовита, возбудлива и топла книга за пријателството, храброста, солидарноста и едноставната, но моќна идеја дека понекогаш можеме да му помогнеме на некого и без Објавен е романот за деца „Министерство за решенија“ (Het Ministerie van Oplossingen) од холандската писателка Сане Роузебаум, со илустрации на Марк Јансен, а во превод на македонски јазик на Ели Пујовска, духовита, возбудлива и топла книга за пријателството, храброста, солидарноста и едноставната, но моќна идеја дека понекогаш можеме да му помогнеме на некого и без да очекуваме нешто за возврат во издание на „Антолог“. Што ако постои тајно министерство чија работа со векови е да им помага на луѓето да ги решат своите проблеми? Некогаш постоело токму такво нешто – Министерството за решенија.