Наградата „4-ти Ноември” на Општината Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат. Наградата „4-ти Ноември” на Општината Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Општината, Република Македонија и светот. Наградата се доделува во две категории: а) едногодишна за достигнувања во периодот од 01.08.2025 до 31.07.2026 година; б) за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.