Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
На 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ („Sub Bagheta lui Merlin“), кој се одржа во Темишвар, Романија од 27 септември до 4 октомври, претставата „Франкенштајн“ во продукција на Театарот за деца и младинци (ТДМ) освои престижна Награда за колективна игра (Award for Ensemble Performance). Публиката и стручното жири во На 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ („Sub Bagheta lui Merlin“), кој се одржа во Темишвар, Романија од 27 септември до 4 октомври, претставата „Франкенштајн“ во продукција на Театарот за деца и младинци (ТДМ) освои престижна Награда за колективна игра (Award for Ensemble Performance). Публиката и стручното жири во Темишвар имаа можност да ја погледнат изведбата на оваа длабока и визуелтно впечатлива претстава на 1 октомври.
„Меѓународното жири ја препозна и ја валоризира врвната уметничка синергија, прецизност и длабока емоционална ангажираност на актерскиот ансамбл, доделувајќи му го ова значајно признание кое ја потврдува високата професионалност на македонскиот театар.